Двајца македонски фудбалери во тимот на колото во Данска (ФОТО)

Македонските фудбалски сениорски односно младински репрезентативци, Лирик Ќамили и Сефер Емини, се најдоа во тимот на 12. коло во данското првенство, како доказ на одличната форма во која се наоѓаат во моментов.

Двајцата беа меѓу најдобрите во големата победа на нивниот Сондерјиске против фаворизираниот Митјиланд (3-1), а нивната игра беше потенцирана од поголемиот дел од спортските медиуми во Данска.

Ќамили беше стрелец на два гола на оваа средба, за што беше оценет со најголема оценка (8,9) додека Емини беше асистент за третиот погодок што му донесе одличен рејтинг 7,7.