Терзиќ се враќа во Премиер лигата?

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ се наоѓа на мета на Вест Хем.

Хулен Лопетеги засега не успева да ја пронајде вистинската формула со Вест Хем, екипата бележи лоши резултати бидејќи „Чеканите“ се дури 15-ти со осум освоени бодови.
Германските медиуми истакнуваат дека Терзиќ е отворен за нови предизвици, но исто така и „чеканите“ се посебен клуб за него.

Терзиќ беше помошник на Славен Билиќ во период помеѓу 2015 до 2017 година, а сега би можел да се врати како прв тренер. 

Без ангажман Терзиќ е од крајот на минатата сезона кога ја напушти Борусија Дортмунд по финалето во Лигата на шампионите.