Нејмар се смирил со девојката која ја изневерил 92 пати – ѝ ветил нема веќе!

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е во љубов со манекенката и ведно инфлуенсерка, Бруна Бјанкарди и тоа покрај многуте контроверзи кои ја одбележаа нивната врска.

Медиумите неодамна објавија дека фудбалскиот велемајстор дури 92 пати ја изневерил својата девојка, вклучително и во периодот кога била бремена со нивната ќерка Мави, родена минатата година. И покрај овие неверства, двајцата решиле да ѝ дадат уште една шанса на својата врска, што се гледа и од нивните неодамнешни заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Нејмар, кој паузираше речиси една година поради тешка повреда, наводно се обидува да ја врати довербата и врската со Бруно. Иако многумина беа шокирани од веста дека парот има договор според кој Нејмар може да изневерува, Бруна реши да се фокусира на нивната иднина и заедничко родителство. Нивната врска датира од 2020 година, кога првично ја криеја од јавноста. Бјанкарди, чие богатство се проценува на речиси два милиони долари, се прослави и по својата кариера во модната индустрија и социјалните мрежи.