Борко и со 16 одбрани не ѝ помогна на Барса да победи!

Борко Ристовски имаше неверојатна вечер на голот на Барселона на гостувањето кај неговиот екс-клуб Рајн-Некар Левен, а минутажа доби и Филип Талески во таборот на германскиот шампион. 

Македонскиот репрезентативен голман имаше фантастични 16 интервенции и беше најзаслужен за тоа што каталонците не загубија на гостувањето кај „лавовите“. Да не беа неговите одбрани, особено во второто полвуреме, кога резултатот беше неизвесен, Барселона лесно можеше да губи со сериозна разлика. И вториот македонски репрезентативец на натпреварот, Филип Талески успеа да постигне еден гол во таборот на Рајн-Некар од два шута.

Дуелот заврши нерешено 31-31 откако во една драматична завршница Петерсон постигна гол во последната секунда и го спаси германскиот шампион од пораз на дербито.