Битола ќе „гори“: Европскиот шампион му гостува на Пелистер

Македонскиот шампион Пелистер вечерва од 20.45 часот ќе го пречекаат актуелниот европски првак Магдебург во деветтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Пелистер го чека еден од најтешките предизвици од почетокот на сезоната, но во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе има голема поддршка од навивачите, а токму тоа го посочува тренерот Рубен Гарабаја како предност.

„Тешко е да се игра против Магдебург, но добро е што ја имаме поддршката од навивачите. Сите знаат дека не е лесно да се игра во Битола, а ние ќе дадеме сè од себе да го изненадиме Магдебург“, кажа Гарабаја.

Магдебург оваа сезона запиша дури осум победи во елитното натпреварување, додека Пелистер славеше само два пати и се наоѓа на претпоследното место во групата Б.

Натпреварот се игра вечерва од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.