Вилата на Варди ограбена додека играл против Рома
Разбојниците го испланирале грабежот така што дел од нив го следеле семејството Вардри кое патувало на мечот, додека останатите крадци влегле низ прозорец.
Крадците успеале да украдат скапи часовници, накит, пари и други вредни предмети од неговата вила во вкупна вредност од 90.000 евра.
„Имаме снимки од надзорните камери на кои се гледа како разбојниците влегуваат во вилата преку прозорец кој бил оставен отворен. Во куќата биле неколку минути пред да избегаат“, откриваат од полицијата.