Шок од Бразил: Нејмар ја заврши годината по нова тешка повреда!

Бразилските медиуми денеска ја пренесоа една од најлошите можни вести за Нејмар. Според информациите на „Глобо“, репрезентативецот се здобил со тешка повреда на коленото поради која за него е завршена 2025 година.

Нејмар чувствувал болки во левото колено веќе една недела, а медицинските прегледи во вторникот покажале дека има сериозен проблем поради кој го чека пауза.

Ова е четвртата повреда со која се соочува годинава, па така продолжуваат главоболките за фудбалерот на Сантос, што значи дека најверојатно нема да настапи и на Светското првенство (СП) во 2026 година.