Дончиќ броеше до 43 и остана покус за една асистенција од трипл дабл (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го доби градското дерби со Клиперс и ја продолжи победничката серија во НБА која веќе изнесува пет победи и се израмни со Денвер на втората позиција во Западната конференција.

На домашен терен, Лејкерс славеа со 135-118, на крилјата на Лука Дончиќ кој ја потврди фантастичната форма од почетокот на сезоната. Одлуката падна во последната четвртина во која домаќините влегоа со предност од пет разлика, а со две мали серии за кратко направија +15.

Клиперс, кои оваа сезона имаат многу проблеми во својата игра, го доживеаја 13. пораз во 18. натпревар. Повторно расположен за игра беше само Џејмс Харден, останатите се далеку од посакуваниот ритам и може да се насети дека оваа екипа ќе има голема мака да се пласира во плејофот.

Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален натпревар и штета е што не го круниса со трипл дабл бидејќи му недостасуваше многу малку. Постигна 43 поени со шут од игра 50%, додавајќи уште 13 асистенции и девет скока.. Му помогна Остин Ривс кој постигна 31 поен, а на ниво беше и Леброн Џејмс кој заврши со 24 поени. Харден ги предводеше Клиперс со 29 поени, далеку најмногу во својата екипа.

РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон - Атланта 132-113
Филаделфија - Орландо 103-144
ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс 135-118