Поранешна ѕвезда на Арсенал ќе се венча со - порно актерка (ФОТО)

Николас Пепе по трансферот во Арсенал требаше да биде еден од предводниците на англискиот гигант, но приватниот живот му ја уништи одличната шанса за успешна кариера, а воедно му го растури и бракот.

Пепе се разведе со сопругата и ги остави двете деца, по што утеха пронајде во поранешната порно-актерка Теана Трамп.

Англиските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Виљареал наскоро ќе прави свадба со актерката во филмови за возрасни, која има над 1,3 милиони фанови на Инстаграм.

Претходниот брак на Пепе беше со Фани Б, со која има две деца, но љубовната врска се растури во 2024 година.