Кјелини патувал 400 км со такси за меч во ЛШ - морал да плати 900 евра!

Јувентус вчера славеше со 3-2 против Бодо Глимт во Норвешка, а шефот на фудбалски операции во калчолигашот, Џорџо Кјелини имал необично патување до стадионот.

Кјелини заедно со извршниот директор на клубот Дамиен Комоли имале тежок пат затоа што нивниот приватен авион поради лошото време морал да слета на 400 километри оддалеченост од стадионот.

Со оглед на тоа дека немале друго решение, Кјелини и неговиот колега повикале такси и патувале дури 400 километри, а на крајот платиле околу 900 евра.