БиХ беше на праг до сензација, но Германија се избори за триумф

Ракометарите на Босна и Херцеговина беа поразени во квалификациите за Европското првенство (ЕП) од Германија со 24-26.

Германската репрезентација избега на три гола предност на средината од првото полувреме (11-8), но потоа БиХ направи целосен пресврт (13-12).

Голема борба се водеше и во вториот дел, а БиХ неколку пати имаше водство од по еден гол. Сепак, гостите со пресврт во завршницата од второто полувреме се изборија за триумф од 26-24.

Најдобар кај Германците беше Шилер со 10 гола, додека кај БиХ најефикасен беше Јосип Периќ со седум погодоци.

Германија со денешната победа остана го потврди првото место во групата 2, додека БиХ остана на втората позиција со четири бода, односно два повеќе од Австрија и Естонија.