Барселона го сомле ГОГ, Пик Сегед подобар од Загреб

Ракометарите на Барселона ја запишаа осмата победа во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва триумфираа со 41-28 против ГОГ, додека до триумф стигна и Пик Сегед против Загреб (32-26).

Шпанската екипа доминираше од самиот старт, каде што отвори со 3-0, а како минуваше времето така се зголемуваше предноста до 21-14 на полувреме.

ГОГ не успеа да одговори, а Барселона ги казни грешките на ривалот и со серија од 8-0 стигна од 31-17, по што беше јасно дека домаќинот не може да се надева на ништо во овој меч (28-41).

Најефикасен во победничкиот тим беше Луис Диого Да Соуза со девет голови, додека Фредерик Бјере и Халте Лике постигнаа по пет за ГОГ.

Загреб даде голем отпор против Пик Сегед во првото полувреме (16-16), но домашниот состав додаде гас и го засили темпото во вториот дел по што стигна до победата од 32-26.

Фото: Facebook/FC Barcelona Handbol