Емотивна сцена во Белград: Обрадовиќ се расплака пред навивачите на Партизан (ВИДЕО)

Легендарниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ денеска беше пречекан од илјадници навивачи на аеродромот во Белград, каде што се врати од Атина, откако претходно поднесе оставка, но не му беше прифатена од Партизан.

Навивачите пристигнаа на аеродромот по што му дадоа голема поддршка на Обрадовиќ и го молеа да остане во редовите на гигантот од Белград, иако трофејниот стратег не ја кажа конечната одлука на аеродромот.

Српските медиуми објавија снимка на која Обрадовиќ не можел да ги задржи солзите додека „гробари“ му скандираа „Жељко остани“.