Се чека на Италија за „групата на смртта“ на Светското првенство

Четирикратниот светски шампион Италија е во опасност да го пропушти третиот Мундијал во низа бидејќи мора да победи два противника за да се пласира за шампионатот во 2026 година.

Италија прво треба да ја совлада Северна Ирска, а потоа победникот од дуелот меѓу Велс и Босна и Херцеговина за да стави крај на 12-годишното отсуство од најголемата светска фудбалска смотра. Љубителите на фудбалот навиваат Италија да се врати таму каде што припаѓа, а откако ФИФА вчера официјално ги објави шеширите за ждрепката, стана јасно дека оваа селекција може да добие „група на смртта“ затоа што ќе се најде во четвртиот барабан.

Така, со исклучок на домаќините, САД, Мексико и Канада, сите останати ривали од првиот шешир ќе бидат тешки за италијанската репрезентација. Можно е да го добие светскиот шампион Аргентина или европскиот Шпанија, потоа Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германја. Од вториот шешир може да ѝ падне Хрватска, а од третиот Норвешка или Шкотска.

Норвежаните можеби не се во најсилната светска класа, но имаа фантастични квалификации кои ги завршија со максимален ефект од 24 бода и дуури 37 постигнати голови, а притоа два пати ја прегазија Италија.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи во Вашингтон на 5 декември.