„Спектакуларен старт: Голд Фелициа Тетово официјално ги отвори вратите со незаборавно шоу“
Настанот привлече огромен број посетители, а атмосферата од првиот момент ја одбележаа гламур, елеганција и извонредна организација.

Со отворањето на казиното, кое располага со слот апарати од последна генерација, како и маси за покер, рулет и блек џек со жива игра, во Тетово се поставува нов стандард во понудата за забава и хоспиталитет. Просторот е уреден во модерен стил, со нагласен луксуз и висок степен на удобност, а посетителите уште на првата вечер имаа можност да го почувствуваат специјалното искуство кое Gold Felicia го нуди.

Покрај казиното, на свеченоста беше претставен и новиот ресторан со внимателно селектирана гастрономска понуда, како и хотелот кој обезбедува висок степен на комфор и приватност за гостите. Со ова, Gold Felicia Tetovo станува целосна дестинација за забава, престој и софистицирана услуга.
Вечерта ја заокружи настапот на уникатното Gold Felicia Cabaret, препознатливо по својот висок уметнички квалитет и впечатлива сценографија. Публиката ја исполни салата до последно место, а изведбата придонесе за исклучителната атмосфера која доминираше целата вечер.

Со новиот комплекс, Gold Felicia ја зајакнува својата позиција како бренд кој воведува нови стандарди во забавната и угостителската индустрија, а Тетово добива ново реперно место кое ветува квалитетни содржини, професионален пристап и искуства што се паметат.











