Брутална тепачка во Боливија: Судијата покажа 17 црвени картони (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Реал Оруро и Блуминг во Копа Боливија заврши со брутална тепачка, поради која мораше да интервенира и полицијата на теренот.

Завршницата на мечот се претвори во крвава пресметка, по што полицијата искористи солзавец, а судијата на крајот покажа дури 17 црвени каротни.

Тренерот на Блуминг, Маурицио Сори се обиде да го запре хаосот, меѓутоа неуспешно затоа што фудбалерите на двете екипи беа бесни.