Слован Братислава го шокира Рајо Ваљекано, Зрињски со пресврт го реши Хакен

Фудбалерите на Слован Братислава ја шокираа шпанската екипа Рајо Ваљекано со 2-1 во четвртото коло од Конференциската лига, додека до победа стина и Зрињски кој во завршницата со пресврт го нокаутира Хакен.

Поранешната екипа на Столе Димитриевски тргна лошо во мечот и прими гол по само девет минути, но ВАР-технологијата му го поништи погодокот на Шпорар.

Рајо Ваљекано потоа се созема и успеа да погоди преку Перез за предност од 1-0, но радоста не траеше долго зашто Слован со два гола на стартот на вториот дел преку Кашиа и Јирајанг ги постави конечните 2-1.

Зрињски губеше од Хакен со 0-1 од 40. минута, па сè до 78. минута кога Чузе успеа да погоди за 1-1, а четири минути подоцна Билбија стрелаше за конечни 2-0.

Останати резултати:

АЗ Алкмар – Шелбурн 2-0
Хамрун – Линколн 3-1
Лех – Лозана 2-0
Омонија – Динамо Киев 2-0
Раков – Рапид 4-1
Сигма – Целје 2-1

Фото: Facebook/Rayo Vallecano

Standings provided by Sofascore