Рома сигурна против Митјиланд, Лил го декласира Динамо Загреб (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома триумфираа против Митјиланд со 2-1 во петтото коло од Лига Европа, додека Лил го декласира Динамо Загреб со убедливи 4-0.

Екипата од Рим до водство стигна по седум минути кога Ел Ајнауи погоди за 1-0, додека водството го зголеми Ел Шарави во 83. минута од натпреварот.

Митјиланд успеа да намали преку Паулињо во самиот финиш, но немаше сила за втор погодок до крајот на средбата.

Лил немаше милост против хрватскиот гигант, па тргна фуриозно уште во првото полувреме каде што стрелаше преку Кореиа и Мукау, додека во вториот дел погодија Игамане и Андре.

Останати резултати:

Феенорд – Селтик 1-3
Фенербахче – Ференцварош 1-1
Лудогорец – Селта 3-2
ПАОК – Бран 1-1
Порто – Ница 3-0
Викторија Плзен – Фрајбург 0-0

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/AS Roma