Арсиќ: Имав лош ден против Бешикташ, со Спортинг мораме подобро

Голманот на Металург, Дарко Арсиќ презема одоворност за поразот од Бешикташ во минатото коло. Иако не директен виновник за лошиот резултат, Србинот вели дека имал лош ден со само три одбранети удари.

Тој смета дека против Спортинг тимот мора подобро во секој елемент од играта во однос на она што го одиграа против Бешикташ.

„Спортинг е одличен тим, не смее да им дозволиме да бидат лидери на теренот. Мора да бидеме ние таков тим. Да бидеме далеку подобри отколку од натпреварот против Бешикташ, меч за кој јас лично ја преземам одговорноста и признавам дека имав лош ден. Мораме да се подобриме и да ги воочиме грешките. Се надеваме на далеку подобар натпревар во сабота“, изјави голманот на Металург, Дарко Арсиќ.