Алкалоид направи крупен чекор кон европско финале, со пет позитива оди во Норвешка!

Благодарение на одличната игра во второто полувреме Алкалоид дојде до солидна предност против Рунар, момците на Кире Лазаров го совладаа норвешкиот тим со 42-37 во првиот полуфинален меч од Европскиот Куп и со пет голови предност ќе патуваат на реваншот во Норвешка.

Алкалоид направи крупен чекор кон европско финале, македонскиот тим пред убава атмосфера во салата Автокоманда го совалда силниот тим на Рунер со пет голови разлика.

Во воведниот дел од мечот предноста беше на страната на Рунар, но како одминуваше дуелот ракометарите на Алкалоид играа се подобро и подобро, во првиот дел неколкупати имаа предност од три разлика, но на одморот се отиде со еден позитива, беше 21-20.

Рунар комплетно го сврте мечот во вториот дел, имаше предност од 29-27 кога Алкалоид повторно го крена нивото, ја врати позитивата во своја корист и ја зголемуваше до крај победувајќи со највисоката предност од пет гола разлика, 42-37.

Најефикасен во составот на Алкалоид беше Серафимов со 10 голови, Џонов даде 7. Најдобар кај Рунар беше Рамбо со 9 голови.

Реваншот во Норвешка се игра на 27. април од 17 часот.