
Вујо дошол да си го види Вардар, Михајловски вели: Ќе разговараме!
Од поодамна се најавува враќање на Вујовиќ на кормилото на Вардар, откако си замина од клубот после доаѓањето на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, па откако Михајло Михајловски повторно го презема црвено-црниот колектив, Вујовиќ повторно е во Скопје.
Неговото појавување уште повеќе ги подгрева најавите дека ќе го наследи Стевче Алушовски на клупата, но „Вујо мајсторе“ пред мечот со Металург посочи дека е дојден да гледа дерби
„Јас секогаш доаѓам во Скопје туристички, ова е големо дерби, за титула е, сакам да го гледам“, рече Вујовиќ.
Првиот човек на клубот, Михајловски, пак, за доаѓањето на Вујовиќ во Скопје не прокоментира многу.
„Па, тука сме, ќе видиме, ќе разговараме“, кратко рече Михајловски.