„Мрме е замислен Наполеон и шарлатан што никаде не останал повеќе од 2-3 месеци!“
Пандев се најде прозван во статусот на Ангеловски, па реши да му одговори со кратка порака на неговите профили на социјалните мрежи.
„Се јави големиот селектор, големиот ‘патриот’. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниту еден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеци. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Пандев.