ФФМ се збогува со Рингов: Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со кратка порака се збогува со македонската легенда Васил Рингов, кој почина по кратко боледување.

ФФМ објави емотивна порака на социјалните мрежи за Рингов.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.

Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.

Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.

Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.

Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.

Почивај во мир, драг наш Васе“, објави ФФМ.