Моментот кога Рингов не можеше да ги задржи солзите за Вардар (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар пред неколку години се соочуваше со тешка криза, а испадна и во Втората лига и тоа најтешко му падна на легендата на клубот, Васил Рингов кој денеска почина на 70-годишна возраст.

Во продолжение следи потсетување на емотивниот момент во „ТВ24“, кога Рингов зборуваше за скопскиот гигант и не можеше да ги задржи солзите.

„Се плашам дека некој сака да го снема Вардар“, кажа Рингов меѓу другото во гостувањето на „ТВ24“.