Фенербахче на 10 секунди пред крајот ѝ пресуди на Барселона (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче триумфираа во големото дерби против Барселона со 72-71 во драматична завршница во 18. коло од Евролигата.

Првата четвртина му припадна на домаќинот со 17-13, додека Барселона до полувремето успеа да намали на 33-35.

Двете екипи одиграа речиси израмнето во второто полувреме, а мечот се решаваше во последните секунди. Болдвин ги постигна најважните поени за Фенербахче и обезбеди триумф, иако Барселона имаше уште еден напад до крајот, но не успеа да го искористи.

Најефикасен кај Барселона беше Пантер со 20 поени, еден скоко и две асистенции, додека Биберовиќ постигна 16 поени, шест скокови и една асистенција за Фенербахче.

Претходно Дубаи славеше против Милано со 99-92, додека Панатинаикос го надигра Жалгирис со 92-85.

Фото: Facebook/Fenerbahçe Beko