Проблем за Лејкерс: Останаа без Дончиќ!

Лос Анџелес Лејкерс нема да може да смета на услугите на Лука Дончиќ за натпреварот против Феникс кој на програмата е во ноќта која следи.

Репрезентативецот на Словенија почувствува болка во листот на левата нога откако доби удар од Богдан Богдановиќ во градското дерби против Клиперс и тој дуел го напушти пред крајот на втората четвртина.

Во текот на вчерашниот ден Дончиќ се појави на тренингот, но со завој, па поради тоа докторите не сакаат ништо да ризикуваат.

Очекувањата се Дончиќ да биде подготвен за натпреварот на Божиќ против Хјустон.

Инаку, Дончиќ во овој момент е најдобар стрелец во НБА лигата со просек од 34.1 поени по натпревар.