Историски момент во Србија: За првпат жена е избрана за најдобар тренер
За првпат во историјата на Србија, жена е избрана за најдобар тренер и тоа Лидија Стојкановиќ.
Стојкановиќ ја води женската репрезентација на Србија со која стигна до историски пласман и прикажа добри настапи во Лигата на Нации.
Наградата на Стојкановиќ ќе ѝ биде доделена на 25 декември на свечена церемонија. Во најтесна конкуренција за наградата таа го победи Марко Николиќ кој го водеше АЕК до есеенска титула во Грција.
За најдобар српски фудбалер за 2025 година избран е Никола Миленковиќ кој минатата сезона во добра форма настапуваше за Нотингем форест.