Револверашка пресметка во Берси - 31 тројка и победа на Париз
Натпреварот беше исклучително атрактивен, со брзи акции и фантастичен шут од дистанца на двете екипи. Вкупно беше постигната 31 тројка од кои 16 на домашниот и 15 на гостинскиот тим. Сепак, Париз беше подобар и ѝ го нанесе на Звезда четвртиот пораз во последните пет кола од елитното натпреварување.
Гостите ги имаа тројцата најефикасни играчи на овој меч, Батлер, Милер Мекинтаер и Монеке кои заедно постигнаа 66 поени, но не добија соодветна поддршка од останатите кошаркари. Кај Париз поените беа порамноправно поделени, најдобар беше Робинсон со 16, а Хифи додаде 15 поени.
Оваа победа не му носи на Париз напредок на табелата бидејќи францускиот тим останува на 18. позиција на табелата, но Звезда може да испадне од топ-10 ако останатите екипи кои ѝ се конкуренти победат во ова коло.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи - Олимпија Милано 99-92
Фенербахче - Барселона 72-71
Жалгирис - Панатинаикос 85-92
Баерн - Хапоел 72-82
Валенсија - Басконија 91-81
Асвел - Анадолу Ефес 103-99
Париз - Црвена Звезда 102-92
фото: EPA photo