Лакроа си даде автогол, па промаши пенал - Арсенал е во полуфинале (ВИДЕО)

Францускиот бек во редовите на Кристал Палас, Масен Лакроа долго ќе го памти денешниот натпревар против Арсенал кој сигурно ќе му ги уништи и божиќните празници.

„Топчиите“ обезбедија пласман во полуфиналето од Лига купот откако го победија Кристал Палас со 8-7 на пенали, а трагичар на мечот беше токму Лакроа. По 90 минути игра, резултатот беше 1-1 со тоа што Французинот си ја затресе мрежата во 80. минута и на тој начин му овозможу на Арсенал да поведе.

 

 

Во петтата минута од судиското продолжение, Гуехи искористи една мешаница за да израмни и да го одведе мечот во пенал-завршница. А, таму, првите 15 изведувачи беа максимално сигурни и прецизни, се додека на сцена не стапи Лакроа. Неговиот удар го одбрани Кепа и Арсенал отиде меѓу четирите најдобри екипи во Лига купот.

Во полуфиналето, лидерот на табелата во Премиер лигата ќе се сретне со Челси, а втората двојка ја сочинуваат Манчестер Сити и Кристал Палас.