Вардар прими само 12 голови и лесно го прегази Радовиш

Eкипата на Вардар во денешниот натпревар од 14. коло во ракометната Суперлига лесно ја оправда фаворитската улога и во 14. коло го прегази Радовиш со 33-12.

Од самиот почеток на средбата дуелот имаше еднонасочен тек и во ниту еден момент гостите не беа сериозна закана за фаворитот. Многу брзо Вардар уште на средината од првиот дел стекна двоцифрена предност (15-5).

Во продолжение предноста само растеше од „минута во минута“ за на крајот таа да изнесува 21 гол разлика.

 Тиквеш во натпреварот кој се играше претходно денеска беше подобар од Куманво на гостински терен со 26-29.