Вардар по потврди Андреев: Доаѓа најдобриот дефанзивец од руската лига

Павел Андреев и официјално е четвртото засилување за Вардар идната сезона. Рускиот пикер доаѓа од редовите на Чеховски Медведи, каде играше од 2014 година. 

Се работи за 29 годишен ракометар, висок 194 сантиметри, кој игра во дра правци. Сепак негова специјалност е играта во одбрана, а изминатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во руската ракометна лига. Андреев има огромно искуство од играње во Лигата на шампиони со Чеховски, а последните две сезони и во Европската лига на ЕХФ. 

Тој е искусен репрезентативец на „зборнајата“ за која има настапи на големите натпреварувања како ЕП 2020 и СП 2021. Претходно за Вардар потпишаа и десниот бек Цехте, средниот бек Анџелиќ и левиот бек Дуарте.