Вардар нема да патува во Кањижа, туку ќе ја „бруси“ формата во Струга

Актуелниот европски шампион Вардар нема да настапи на турнирот во Кањижа, Србија, кој беше откажан поради влошената состојба со опасниот вирус Ковид-19.

На турнирот требаше да настапи Вардар, но и екипи како Нексе и Пик Сегед. Сепак, по откажување на натпреварите, „црвено-црните“ ќе ја „брусат“ формата на турнирот во Струга, кој е закажан за период од 12 до 16 август.

Тренерот Стевче Алушовски размислувал и за дополнителни пријателски средби на крајот на месецот, пред да се игра реваншот од четвртфналниот меч од СЕХА-лигата против Нексе.

„Ние се подготвуваме за мечот против Нексе. Ја темпираме формата за мечот и Ф4-турнирот“, кажа Алушовски.