Вардар го распарчи Текстилец со 36 гола разлика за место во четвртфинале на Купот

Вардар ја оправда фаворитската улога и го растури Текстилец со 47-11 за пласман во четвртфиналето на македонскиот Куп.

„Црвено-црните“ го решија противникот уште во првото полувреме, кое го добија со 22-5 и го најавија својот триумф во мечот.

Избраниците на Стевче Алушовски во второто полувреме продолжија во ист ритам и постигнаа уште 25 голови за конечни 47-11.

Томислав Јагуриновски постигна 14 гола за Вардар, а Димитар Димитриоски додаде 13 погодоци.

Вардар1961 се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија за 2021 година откако во осминафиналниот меч беше...

Posted by RK Vardar 1961 on Monday, February 22, 2021