Вардар го декласира Бутел за 19. триумф во Суперлигата

Вардар запиша уште една победа во Суперлигата, откако вечерва славеше со 34-23 против градскиот ривал Бутел.

Бутел даде отпор само на почетокот и остана во игра до 5-6, по што „црвено-црните“ ја преземаа контролата и доминираа до крајот на полувремето (20-12).

Доминацијата на Вардар продолжи и во вториот дел, па предноста растеше како минуваше времето сè до конечни 34-23.

Најефикасен во победничката екипа Јака Малус со девет голови, додека Димитар Георгиевски постигна седум погодоци за Бутел.