Кими Антонели имал сообраќајка во Сан Марино (ФОТО)

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Кими Антонели имал сообраќајка во Сан Марино, но за среќа поминал без повреди.

„Газета дело Спорт“ објави дека Антонели го возел неговиот автомобил „Мерцедес АМГ ГТ63“ со кој учествувал во сообраќајката, но била предизвикана само материјална штета.

„Може да потврдиме дека Кими бил вклучен во сообраќајка во саботата во близина на својот дом“, соопштија од Мерцедес.