Нема крај на проблемите: Куртоа имал две повреди!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Куртоа имал мускулна повреда на десниот квадрицепс, како и оптоварување на левиот адуктор за кој се жалеше и на загревањето пред неговиот последен настап.
Засега не е познато колку време ќе паузира белгискиот голман надвор од терените, но дефинитивно ќе биде удар за Реал Мадрид во финишот од сезоната.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.