Голман одби подарок од ривал поради страв од „црна магија“ (ФОТО)

Неверојатна ситуација беше забележана пред натпреварот меѓу Нова Каледонија и Јамајка, кога капитенот на гостинската екипа беше премногу внимателен пред важниот натпревар.

Капитенот на Јамајка во прв момент одби да прими подарок од ривалот Цезар Лолохеа од Нова Каледонија, а тој остана во шок поради реакцијата.

Порталот „Зона Конкакаф“ објави дека голманот најпрво одбил да го прими подарокот од противникот затоа што мислел дека станува збор за „црна магија“.