Во Штип дерби под рефлектори, Брегалница е домаќин на Охрид!
Мечот кој привлекува најголемо внимание се игра во Штип каде Брегалница ќе го пречека Охрид. Дуелот меѓу двете екипи со амбиции да влезат во Првата лига ќе се игра под рефлектори, со почеток од 18 часот.
Скопје му гостува на Вардар Неготино и таму оди како голем фаворит, а Шкендија Арачиново ја пречекува Беласица.
Осогово кој игра во супер форма во вториот дел од сезоната е домаќин на соседот Слога Виница.
Кожуф ќе го пречека Големо Коњари, Новаци ќе се сретне со Преспа, Победа игра против Детонит Плачковица, а Саса му гостува на Тетекс.
Натпреварите се играат со почеток од 14:30 часот, освен дербито меѓу Брегалница и Охрид кое почнува од 18 часот.
22. коло ВМФЛ
Брегалница - Охрид
Вардар Неготино - Скопје
Шкендија Арачиново - Беласица
Осогово - Слога Виница
Кожуф - Големо Коњари
Новаци - Преспа
Победа - Детонит
Тетекс - Саса
Табела: Охрид 49, Шкендија Арачиново 48, Скопје 47, Брегалница 46, Беласица 43, Осогово 39, Новаци 37, Детонит 35, Кожуф 29, Тетекс 27, Саса 25, Вардар Неготино 15, Преспа 12, Победа 11, Слога Виница 8, Победа 7.