Дончиќ даде 41 поен, ама беше на раб на тепачка и доби суспензија (ВИДЕО)
Натпреварот беше обележан со историски момент за Леброн Џејмс и неговиот син Брони, како и за словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој повторно беше најдобар на теренот, но исто така ја заработи и својата 16. техничка грешка. Словенецот е во неверојатна форма и тоа го потврдува од меч во меч. Тој го заврши овој дуел со 41 поен, осум скока и три асистенции. Така, постигна најмалку 30 поени по 12. пат по ред, а изгледаше како да не вложил многу труд во тоа.
Сепак, вечерта не беше совршена за него. Дончиќ нема да игра на следниот натпревар, откако ја заработи својата 16. техничка грешка, која носи автоматска суспензија од еден меч. Тоа дојде како резултат на инцидент со Заир Вилијамс во третата четвртина. Вилијамс несоодветно прослави изнуден фаул во нападот и му се внесе в лице на Лука, предизвикувајќи го да го турне. Ситуацијата заврши со тоа што играч на Нетс го удри во лицето суперстарот на Лејкерс, а двајцата играчи добија технички грешки.
Нетс се држеа до последната четвртина, кога Остин Ривс постигна 15 поени за да го одлучи победникот, а Лејкерс го доби тој квартал со 31-15. Ривс го заврши натпреварот со 26 поени, осум скока и пет асистенции, а покрај него и Дончиќ, се истакна и Леброн Џејмс со 14 поени, шест скока и осум асистенции.
Џош Минот го предводеше натпреварот со 18 поени, додека Николас Клакстон и Вилијамс постигнаа по 16.
Ноќеска, за првпат во историјата на НБА еден татко му асистираше на својот син. Леброн му ја додаде топката на Брони, а тој погоди тројка што беа негови единствени поени на овој натпревар.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - ЛА Клиперс 113-114
Бостон - Атланта 109-102
Кливленд - Мајами 149-128
Мемфис - Хјустон 109-119
Оклахома - Чикаго 131-113
Торонто - Њу Орлеанс 119-106
Денвер - Јута 135-129
Голден Стејт - Вашингтон 131-126
Портланд - Далас 93-100
ЛА Лејкерс - Бруклин 116-99