Интер Мајами подготви пријатно изненадување за Меси (ФОТО)

Легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси доби пријатно изненадување од Интер Мајами, откако клубот реши една од трибините на стадионот да го носи неговото име.

Интер Мајами ја прекрши традицијата, каде што трибините добиваа имиња по пензионирани фудбалери, па му „додели“ една од нив и на Аргентинецот.

Аргентинецот игра за МЛС-тимот од 2023 година, а притоа настапи на 94 меча и постигна 82 голови и 53 асистенции.

Фото: Inter Miami/Facebook