Куманово беше лесен залак: Охрид ја продолжи победничката серија

Ракометарите на Охрид одиграа фантастичен натпревар против Куманово и триумфираа со 30-14 во 20. коло од Суперлигата.

Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме во кое Куманово постигна само пет голови, додека Охрид запиша 15 погодоци (15-5).

Охрид продолжи со одличната игра во вториот дел и постојано ја зголемуваше предноста до конечни 30-14.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Ѓукиќ со шест голови, додека Цековски и Ончев запишаа по четири погодоци за Куманово.