Словенија го освои златниот медал во ски-скокови!

Репрезентацијата на Словенија во ски-скокови во мешано екипно натпреварување го освои златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ).

Екипата на Словенија беше составена од Домен Превц, Ника Превц, Ника Водан и Анже Ланишек и успеаја да освојат 1069,2 бодови.

Сребрениот медал им припадна на Норвежаните кои освоија 1038,3 поени, додека Јапонија стигна до брозната со 1034 поени.

Фото: EPA