Лазаревиќ и Ајдоган се нови засилувања на Македонија ЃП
Ајдоган доаѓа во екипата од Ѓорче Петров откако претходно го носеше дресот на Башкими, а беше дел и од Гостивар во Макеоднија, додека во кариерата играше и за тимови како Анкараспор, Менеменспор, но и младинските тимови на Бешикташ, Дортмунд и Шалке.
Лазаревиќ се враќа во Македонија ЃП и треба да им помогне во борбата за опстанок, а освен за „лавовите“ играше и за Гостивар, Тетекс, Борец и други екипи.