Халанд е незапирлив за „големата шестка“ - омилена „жртва“ му е Манчестер јунајтед!

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд игра во извонредна форма по доаѓањето во Манчестер сити, а тоа го покажуваат и статистичките податоци против тимовите од „големата шестка“.

Халанд редовно ги полни мрежите на ривалите, па така од најголемите противници најмногу настрадал Манчестер јунајтед кој примил 11 голови.

Напаѓачот на „граѓаните“ им дал седум голови на Арсенал, по шест на Челси и Тотнем, а „најлесно“ поминал Ливерпул кој само четири пати ја вадел топката од мрежата поради Халанд.

Фото: Facebook/Manchester City