Челси прокоцка победа против Лидс, Палмер утна цел гол од два метра (ВИДЕО)

Лидс ја расипа совршената форма на Лијам Росениор на кормилото на Челси во Премиер лигата, откако одигра 2-2 на „Стемфорд бриџ“.

Челси тргна со гол во 24. минута преку Жоао Педро, а потоа Кол Палмер зголеми на 2-0 во 58. минута од натпреварот.

Само 10 минути подоцна „сините“ повторно ја покажаа својата слабост во одбраната и за само неколку минути му дозволија на Лидс да постигне два гола, преку Нмека и Окафор.

Лондонскиот гигант имаше шанса за победа во судиското надополнување, но Палмер промаши цел гол од два метра.

На останатите натпревари, Борнмут славеше со 2-1 против Евертон, додека Њукасл го шокира Тотнем (2-1).

Фото: Facebook/Chelsea FC