Ништо од шишањето: Јунајтед освои само бод против Вест хем (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ремизира против Вест Хем во Лондон (1-1), а најмногу ќе жали еден од најпознатите навивачи на „црвените ѓаволи“, Френк Илет кој ја чекаше петтата победа по ред на неговиот омилен тим.

Вест Хем постигна гол за водство преку Соучек во 50. минута, по што „ѓаволите“ напаѓаа, но не успеваа да ја пробијат одбраната на „чеканите“ до 96. минута кога Бенјамин Шешко стрелаше за 1-1.

Јунајтед до гостувањето во Лондон беше во одлична серија од четири победи, но вечерва потфрли и за тоа ќе жали навивачот Илет кој се нема потстрижено дури 493 дена, а ќе мора да почека уште долго пред да го направи тоа.

Фото: Facebook/Manchester United