
Вардар ги доби противниците во групата од Лигата на Европа
Вардарци немаа многу среќа и ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе игра против Порто, подобриот од пресметката помеѓу германски Мелсунген и норвешки Елверум и победникот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска.
Ако нема изненадувања во групата на Вардар ќе дојдат Мелсунген и Валур, па така „црвено-црните“ ќе имаат тешка задача за пласман во следната фаза.
Првото коло во групната фаза е закажано за 8. октомври.