
Томовски пред враќање во Македонија – ќе брани за Пелистер?!
Според последните информации, Томовски е блиску до договор со Пелистер каде што би бранел во тандем со Никола Митревски, бидејќи се очекува Хрватот, Филип Ивиќ да ја напушти Битола и да се пресели во Војводина.
Томовски зад себе има одлична сезона во Бундеслигата каде што неколку пати се истакнуваше и одлични одбрани кои беа помеѓу најдобрите во колото и нема дилеми дека би претставувал големо засилување за пелистерци кои и во наредната сезона ќе имаат најголеми амбиции.
Ако најавите се остварат, Пелистер би бил трет македонски клуб во кариерата на Томовски, откако во минатото беше дел од Вардар и Металург.