
Тиквеш „се прошета“ во Куманово и ја продолжи перфектната серија!
По едно тесно прво полувреме, во кое Тиквеш дури во финишот се одлепи и направи предност од 13-10 на паузата, во второто се виде вистинската разлика во квалитет меѓу двете екипи.
Кавадарчани тотално го разоружаа својот домаќин, почнувајќи со една серија од 5-0 од 38. до 50. минута, за да поведат со 22-14. Всушност, во периодот од 38. минута, до крајот, Куманово постигна само два погодока, а Тиквеш полнеше до најубедлива победа досега оваа сезона. Страхиња Симиќ постигна шест гола, Евгениј Темелковски пет, а Димитар Коцев четири. Кај Куманово, по трипати стрелаа прецизно Иван Димитров и Јован Даневски.
Ова е четврти триумф во четвртиот меч за кавадарчани во групата А, поради што се рамо до рамо со фаворитот Алкалоид, кој вечерва ќе му гостува на Аеродром во ова 4. коло.
СУПЕР ЛИГА 4. КОЛО
ГРУПА А
Куманово - Тиквеш 16-28
Струга - Скопје 14.30ч.
Охрид - Пелистер 2 18.30ч.
Аеродром - Алкалоид 19ч.
ГРУПА Б
Прилеп - Вардар 18.30ч.
Вардар Н. - Пелистер 18.30ч.
Пролет - Мулти Есенс 18.30ч.
Бутел - Голден Арт недела 18ч.