
Србин од Унгарија е замената за Јасухира во Вардар!
„Балкан Хендбол“ објави дека Вардар се договорил со повремениот српски репрезентативец Младен Крсманчиќ кој доаѓа од Чургои.
Крсманчиќ во кариерата играше и за Анаитасуна, Југовиќ, Слога Пожега и Железничар, а воедно ќе биде петто засилување за „црвено-црните“.
Вардар претходно се засили со Ашреф Маргели, Дмитро Горига, Мигуел Пинто и Томче Стојановски.